Loading Video...
Фудбал
2. December 2018 - 18:46

Група по мерка, Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2020

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за ЕП 2020 година. 
 
Денеска во Даблин се одржа ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2020 година.
 
Македонија е во групата Г, а наши противници ќе бидат селекциите на: Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.
 
Селекторот Игор Ангеловски истакна дека нашите фудбалери ќе го почитуваат секој противник, но дека Македонија нема да стравува од никој и дека крајната цел е пласман на Европскиот шампионат. 
 
Натпреварите од квалификациите за ќе се играат во периодот меѓу март и ноември следната 2019 година. 
 
Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на шампионатот кој во 2020 година ќе се одржи во 12 различни земји.
 
Потсетување дека Македонија, доколку не успее преку овие квалификации да се пласира на завршниот турнир ќе има уште една можност и тоа преку разигрувањето во Лигата на нациите.