Груевски во Ракотинце, најавена нова спортска сала и канализациска мрежа
Во село Ракотинце во Општина Сопиште ќе се инвестира во изградба на канализациска мрежа, изградба на мултифункционална сала и ќе се преземат активности за санирање на свлечиштето што е повторно активно.
Жителите на Ракотинце денеска ги посетија премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и раководството на општината.
Во однос на барањето за канализациска мрежа премиерот информира дека е во изработка проект по што ќе следи тендерска постапка и избор на изведувач на работите. Плановите се изградбата да почне напролет, во март или април наредната година. Инвестицијата ќе изнесува 170.000 евра.
При посетата на училиштето во Ракотинци беше најавено дека до крајот на месецов ќе заврши темелната обнова на училишната спортска сала со финансии од општината.
Жителите на Ракотинци информираа дека повторно е активно свлечишттео што било санирано во 2009 година, за што премиерот го задолжи министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски да испрати стручни екипи за да направат увид во состојбата и да се преземат неопходните активности.
Покрај тениското игралиште кое ќе почне да се гради за 10 дена во Сопиште, на средбите во ракотинве беше најавено дека следната година ќе стартува изградбата на мултифукционална спортска сала.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид