Македонија
22. January 2016 - 13:03

Груевски во работна посета на Штип

Денеска Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја посети општина Штип:

Груевски ќе го посети објектот во изградба на спортска сала во непосредна близина на ОУ "Славејко Арсов", населба Баби, а ќе присуствува на пуштањете во употреба на двојно тениско игралиште во непосредна близина на трговскиот центар ЕЛКОС, населба Сењак.

Попладне Груевски ќе присуствува на пуштањето во работа на 400 Kw далековод ТС "Штип"- ТС "Врање", локација 400/110 kV ТС "Штип", улица Брегалничка 63А.