Македонија
25. јуни 2016 - 18:29

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните избори

Со ваков наш пристап, и со вакво СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните избори, кога и да се. Што порано - подобро, за да се скратат штетите на економијата, што всушност се директни штети врз грбот на народот, на невработените, сиромашните, компаниите и целото општество, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешното одбележување на 25-годишнината на Унијата на млади сили.

- СДСМ смета дека колку подолго има такви штети по економијата, дека тоа оди во нивна корист, во смисла дека луѓето ќе помислт дека оддеднаш сме заборавиле да ја водиме економијата како што ја водевме, па треба нив да ги одберат на избори. А штети има. Иако успеваме да ја држиме економијата со стабилен раст, факт е дека без оваа вештачки наметната криза, растот на економијата ќе беше поголем, и ќе имаше и повеќе инвестиции и вработувања и повисок стандард, плати, и заработка, што ќе го подобреше животот. Нашите опоненти, одговорот ќе го дадат граѓаните на следните избори. Колку подоцна се одржат, поголема ќе е казната кон СДСМ заради овие негови политики, Во наредните 4 или 10 месеци, како и да е, Македонија ќе стави крај на оваа политичка игра и политичка хајка. Избори ќе има, и довербата ќе ја добие повторно ВМРО-ДПМНЕ заедно со УМС како еден од клучните наши столбови, порача Груевски.