Груевски се сретна со Ципрас на приемот кај Обама

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на маргините на денешниот приемот организиран од претседателот на САД Барак Обама, остварил разговор со голем број од присутните, а меѓу останатите имал неформален краток разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Премиерот Груевски го поканил Ципрас на заедничка средба и да изнајдат решение за прашањето за името.
На маргините на настаните одржани денеска во рамки Генералното собрание на ОН, како што брифираат од Владата на Република Македонија, премиерот Груевски остварил и низа кратки средби и разговори со Доналд Туск, претседател на Советот на ЕУ, норвешката премиерка Ерна Солберг, заменик премиерот на Израел Силван Шалом, Саманта Поњел, грузискиот премиер Иракли Гарабишвили, српски претседател Томислав Николиќ, со шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас, со Драган Човиќ претседавач на претседателство на Босна и Херцеговина, со унгарскиот премиер Виктор Орбан, со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак и со премиерот на Шведска Стефан Лофен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
-

Башким Бесими нов претседател на СЈО
