Македонија
11. October 2015 - 21:41

Груевски: СДСМ постојано пласираат невистини затоа што имаат демотивирано членство и знаат дека ќе загубат

СДСМ и нивното раководство се свесни дека ќе загубат и не им преостанува ништо друго туку преку црна кампања, преку шпекулации да го охрабри демотивираното членство, изјави премиерот Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на Сител телевизија. 

-Нема еден ден да нема десетици шпекулации на медиуми блиски до СДСМ, контролирани од нив кои пласираат невистини. Тоа го прават зошто се соочуваат со силно демотивирано членство, нивното членство чуствува деќа ќе загубаат. Се обидуваат да им ја вратат надежта пуштајќи дезинформации, дека кај нас се случувало нешто негативно, кај нив позитивно, лажни податоци за мене, за други личности од ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека целта е да создадат немир во редовите на владејачката партија, а да ги охрабрат нивните членови.

-Нас секој начин сами себеси се храбрат, се силат за некако да ги купат овие седум осум месеци со надеж, со верба, да не излезат попарени во кампања, зошто тоа е многу лошо. Апелирам до граѓаните со сериозна доза на резерва да ги читаат овие работи, кои ќе се умножат, ќе има нови дезинформации, да не подлегнуваат, да видат како ќе одговори другиот, рече Груевски.

.be