Бизнис
3. September 2017 - 17:32

Груевски: Резултатот на владата на СДС е нула инвестиции, нула работни места

Оваа година и покрај тешката политичка криза имавме добар старт со седум странски инвестиции кои треба да отворат над 4.400 нови работни места. Само во првите пет месеци започнаа со градба седум нови компании кои ќе вработат 4.400 лица, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Започна со работа новата фабрика Лутекс, германска инвестици за производство на индистриски и технички текстил, планот беше до крајот на годината да вработат 100 лица, со конечен план да се вработат вкупно 1.000 од Велес и околината. Втората почна во Скопје, со работа започна компанија од САД која во Македонија ќе дејствува како Њујорк-Скопје холдинг, а ќе се занимава со огледување и производство на канабис за медицински цели. Планот е конечно да вработат 200 лица. Ваков вид фабрики ќе има уште бидејќи процедурата за дозвола ја започнаа уште најмалку 5 фабрики откако донесовме закон и овозможивме и регулиравме ваков вид производство.  Германската компанија „Franz Kiel GmbH“ која ќе произведува седишта за автобуската и железничката индустрија објави дека ќе инвестира во Македонија, и тоа во Желино при што треба да вработи 250 луѓе.Оваа компанија треба да е добавувач на белгиската компанија  која веќе инвестираше во Македонија и произведува автобуси Ван Хул. Во моментот почната е набавка на опремата, посочи Груевски.

Четвртата компанија е турската Чагатај Кабло за производство на кабли и електрични инсталации за автомобили како добавувач за Ван хул со што ќе се обезбедат 200 вработувања.  Оваа инвестиција беше најавена уште декември минатата година, а градежните работи започнаа ова лето.

Груевски истакна дека се објави дека е донесена одлука за инвестирање и е купена опрема за отворање на нова фабрика во сегментот на медицинската индустрија лоцирана меѓу Крушево и Кривогаштани, од американска компанија. Оваа фабрика веќе објави оглас за вработувања и планира да стигне до 300 вработувања.

Во Струмица пак, започна со работа  компанијата од автомобилската индустрија Адиент, или поранешен Џонсон Контролс кој ќе вработи најмалку 1.500 лица, а веќе досега има вработено над 800 луѓе.

Започна и градбата на фабриката на Вик од Германија во зоната во Прилеп за производство на апарати за кујна, компанија на која како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНе, работеле цели две години и која ќе вработи 1000 невработени.

-Над три месеци државата ја води владата на СДС. Резултатот на нови странски инвестиции е нула, како и бројот на новоотворени работни места кои се резултат на ваквите инвестиции, вели Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната прес-конференција истакна дека СДСМ се откажува од речиси шеесетина странски компании со кои владата на ВМРО-ДПМНЕ била во сериозна и длабока фаза на преговори. Компании кои како што рече Груевски, доколку се реализираат во Македонија ќе отворат 25.000 нови работни места.

-Владиниот тим беше во комуникација со неколку стотици компании за нивно инвестирање во Македонија, но во сериозна и многу длабока фаза на разговори бевме со речиси 60 тина компании кои доколку не бидат попречени, или на било кој начин одвратени, особено преку овие новини кои ги најави владата и севкупно со новиот однос и пристап, овие инвеститори ќе донесат потенцијално над 25.000 нови директни вработувања. Секако и голем број индиректни работни места.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги опиша сите компании, областите во кои работат, во кој дел од Македонија биле заинтересирани и колку нови работни места планира да отворат. Посочи дека од Владата на СДСМ потребна е работа и акција сега.

– Веројатно да останеше владата на ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме дел од овие ќе беа започнати, а сигурно уште десетина  нови  ќе се најдоа на овој список на инвестиции во длабока фаза на договарање. Потребна е работа и посветеност.  Најголема загуба ќе биде за граѓаните и државата доколку вложениот труд не биде надограден и продолжен. Државата нема време за губење, а реализацијата на овие инвестиции ќе значи најмалку дуплирање на досегашната заработка на многу домашни компании и зголемување на извозот на државата што значи повеќе пари во буџетот, нагласува Груевски.

Ако до неодамна се прашував дали во новата влада знаат да привлекуваат странски инвеститори, сега се повеќе се прашувам дали всушност сакаат.Дали можеби некому не му одговара нови фабрики кои нудат повисоки плати за да превземат дел од најдобрите од постоечките фирми, кои или ќе треба да ги качат платите или да ги загубат подобрите вработени, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната прес-коференција посветена на странските инвестиции.

Според него ваквата стагнација во однос на странските инвестиции ја чини и допрва ќе ја чини државата и граѓаните.

-Странските инвестиции беа локомотива на македонската економија и стимулативен елемент на домашното стопанство и компании кои соработуваат со овие странски инвестиции. Ваквото економско мртвило неминовно ќе доведе до опаѓање на општата економска активност, но и можност за бркање на посточеки инвеститори. Во услови кога во регионот, Европа, но и светот далеку поразвиени држави се борат за секоја нова инвестиција владата на СДС се откажува од таквата трка и излегува од конкуренција, посочува Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека Македонија е мала држава и потребно и е силно придвижување нанапред и затоа вели тој потребни се нови странски инвестиции.

Груевски нагласува дека невработеноста сериозно се намалила и во тешко време на светска и европска финасиска и економска криза, како и една домашна политичка криза, но таа невработеност, како што додава се уште е висока, и потребно е многу работа за натамошни успеси.