Македонија
6. December 2016 - 21:23

Груевски: Реконструкција на патишта, изградба на пречистителна станица, нова градинка и зелен пазар- Низа проекти за Берово со „Реално“

Откако стана јасно дека тие ќе ги изгубат изборите, тресат од ракав лажни ветувања, а најчесто тие ветуваат пари на граѓаните, ветуваат 500 евра ДДВ повраток за граѓаните, Заев ветува странски ивестиции, а 11 години е на власт во Струмица и од таков човек зарем верувате да донесе инвестиции во Македонија и тука во Берово, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 4 Никола Груевски.

-Раководството на СДСМ е партија која сака да дојде на власт само за да направи кантонизација и растурање на нашата држава само заради туѓи интереси, сега е времето за сплотување на нардото и за најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Овде во Берово секое населено место ќе биде рурална развојна зона, а тоа значи дека секој таков стопанственик кој ќе сака да отвори бизнис ќе биде ослободен од 100 проценти на персонален данок на добивка, 10 проценти од неговата инвестиција ќе му биде ко-финансирано од владата, а доколку врабити друг човек тој ќе добие 4.000 евра за својата фирма и само така ќе ја зголемиме невработеноста во Македонија. Просечната плата во Македонија во 2006 година изнесуваше 11.000 денари, а денес изнесува над 22.000 денари, а сето тоа го направивме со отворање на нови работни места, носење на инвестиции, добра бизнис клима и намалување на даноците за инвеститорите.Ако можеше во изминатиов период да се отворат нови 39.000 работни места, логично е во следните четиури години да се вработат 70.000 нови граѓани. Овде во Берово ја започнавме првата фаза од технолошко-индустриската фаза, а втората фаза ќе започне кога ќе се најде инвеститор, истакна Груевски.

Тој исто така потенцираше дека многу се инвестирало во земјоделието и се обезбедиле над една милијарда евра за земјоделците, беа обезбедени 350 милиони евра по пет ипол каматна стапка кога во време на криза растеа секаде каматните стапки, пензиите пораснаа, се реализираше и банско-климатска рекреација, над 510 километри регионален пат беше изграден, 15.000 семејства добија отпис на долговите. Се намалија и цените на лековите, а се овозможи и увезување на нови коли со намалени царини, се намали и цената на зелениот картон и се воведе нов едно месечен зелен картон.

-Подготвуваме и низа проекти за невработените лица, како што е поддршка за невработените лица преку проектот од идеја до работа со 4.000 евра. Предвидуваме и нови 600 милиони евра и по 1500 илјади евра за земјоделците и нивна поддршка, предвидуваме досегашното 50/50 давање на помош за купување на трактори да порасне на 60/40. Социјалната помош во наредниот период ќе расте, а исто така ќе растат и платите во јавниот сектор, пензиите, ќе се изградат во Македонија нови 140 детски градинки, а во новата програма се планира и изградба на шест нови автопати и ќе го продолжиме со проектот купи куќа до 36 години. Овде во Берово има намалена невработеност за 40 проценти, изградивме повеќе лолални патишта, се изгради современа станица за прочистување на водата, се изгради атмосферска канализација, изградивме и доделивме 51 стан за социјално загрозените лица. Во износ од шест милиони евра во изминатите пет години се субвенционираа земјоделците во Берово, се изгради и спортската сала, фудбалското игралиште, како и доградба на основното училиште и детската градинка, потенцираше Груевски.

Тој вети и воведување на гасовод во Берово, реконструкција на регионалниот пат Берово-Виница, а ќе се реконструира и кејот на реката Брегалница. Ќе се изгради и пречистителна станица на Беровското езеро, ќе се изгради скијалиште, отворање на детска градинска, а Берово ќе добие и зелен пазар, рече тој.