Груевски: Проширување на позитивната листа на лекови, најголем дел за малигно болните
зитивната листа на лекови ќе се проширува, а најголем дел од лековите кои ќе се најдат на неа ќе бидат лекови коишто ги користат малигно заболените, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
- Станува збор за т.н. прва линија лекови, односно лекови кои се прво препорачани од страна на лекарите согласно медицината базирана на докази. Процедурата веќе е започната во Министерството за здравство. За 15 до 20 дена треба да се отвори тендер за дел од нив, да започне процедурата за ставање на позитивната листа со сите потребни процедурални активности. Дел од нив се почнати, но интерно во Министерството за здравство. Следува работа на Комисијата од лекари, законски процедури за тоа...., нагласи Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по отпочнувањето со изградба на логистичко – дистрибутивниот центар „Тинекс“ во индустриската зона Чојлија.
Според проценките, како што посочи премиерот Груевски, целата процедура треба да заврши од три до четири месеци, односно до март или најдоцна почетокот на април по што 15-тина лекови нови лекови од кои најголем дел за малигни заболувања ќе се најдат на позитивната листа.
- Нашата намера е да се овозможи достапност до поновата генерација на лекови за рак на дебело црево, воспалителни болести на цревата 9 кронова болест, улцерозен колит), ревматоиден артрит и мултиплекс склероза..., рече Груевски.
Според него, со ова на болните ќе им се овозможи на позитивната листа да ги имаат најпрепорачаните лекови по медицина базирана на докази кои произлегуваат од т.н. протоколи преземени од меѓународните протоколи во најразвиените земји.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка