Македонија
14. April 2016 - 14:20

Груевски: Одлуката на Иванов спротивна на нашите заложби и му помага на СДСМ

Оној што направил криминал треба да одговара. Никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува виновен и оттука никој од нас не сакаше да има прекин на постапките за кои Иванов донесе одлука, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прес-конференција.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ силно се оградува од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.

Таа одлука, како што рече, не е во согласност и е спротивна со нашите заложби и му помага на СДСМ.

- И покрај очигледното непрофесионално однесување на структурите на СЈО и заземањето страна, во случајот директно ставајќи се на страната на СДСМ, убедени сме дека низ правна постапка ќе се покажеше вистината и фактот дека многуте кривични пријави поднесени против наши функционери и неколкуте отворени истраги се дел од кампањата на СДСМ, немајќи што да понуди на народот, истакна Груевски.

Тој потенцира дека не се сомневаат во добрите намери на Претседателот со донесената одлука, ниту во законитоста.