Груевски: Наскоро камен-темелници на четири нови странски капацитети
До крајот на месецов и на почетокот на идниот ќе започне градбата на капацитетите на четири претходно најавени странски инвестиции, а две ќе отпочнат со работа. Во шесте фабрики ќе се вработат повеќе од пет илјади луѓе, најави денеска премиерот Никола Груевски.
- Во јули и во август се планираат четири почетоци на градби на фабрики кои се веќе најавени и два завршетоци на градба, односно почнување со производство. Се на се четири фабрики кои претходно беа најавени започнуваат со градба, а две се завршуваат и ќе почне производството. Сите заедно ќе вработат над 5 илјади луѓе во Република Македонија, рече премиерот Груевски во одговор на прашање по означувањето на почетокот на реконструкција на 15 улици во општина Ѓорче Петров.
Прецизира дека станува збор за фабриките Кисејфти системс (КСС) во Кичево, ОДВ Електрик во Охрид и Струга, Кондево во Штип и Гентерм во Прилеп каде ќе бидат поставени камен-темелници за отпочнување со градба, како и официјално пуштање во употреба на Техникал текстајлс во Штип и Дијатек во Технолошко индустриска развојна зона во Скопје.
Посочи дека од септември има најава за отпочнување со градба и на други капацитети на странски инвеститори, но нагласи дека се уште е рано да се соопшти кои се тие.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица