Бизнис
31. August 2015 - 16:25

Груевски најави реконструкција на автопатот Гевгелија – Смоквица и 276 милиони евра за изградба на нови експресни патишта

Идната година до јужната граница ќе се вози побрзо и побезбедно по нов и целосно реконструиран автопат. Во септемрви ќе започне темелната реконструкција на автопатската делница Смоквица Гевгелија. Таа ќе се надоврзе на новиот автопат Демир Капија Смоквица кој ќе биде готов наредната година. Во меѓувреме во тек се градежните актинвости и на другите делници по должината на Коридорот 10.

„Делницата Смоквица Гевгелија е долга 10,5 милиони евра и реконструкцијата ќе чини седум милиони евра. Ова е исполнување на уште едно ветување од програмата“, вели премиерот Груевски.

Паралелно течат и проектите за изградба на експресни патишта низ државата. Се проширува региоланиот пат Велес Штип кој ќе добие уште две ленти. На есен ќе почне градбата на експресниот пат Градско - Прилеп кој исто така ќе биде со четири ленти, како и на патот од Ранковце до Крива Паланка.

Во првата половина на наредната година експресни патишта со четири ленти ќе се градат и меѓу Охрид Пештани, Кочани - Штип и Радовиш - Штип.

Сите овие проекти вредат околу 276 милиони евра, значани средства за околу 126 километри пат коишто ке бидат од голема корист не само за граЃаните од тој регион, туку за цела држава затоа што тоа се патиШта по кои птуваат луѓе од целата држава, а исто така и странци, оцени премиерот Никола Груевски.

Владата годинава инвестира и во изгрдба на локални патишта. Предвидена е изградба на 46 патни делници во четириесетина општини со вкупна од околу 60 километри и во вредност од седум милиони евра.

Оваа година е рекордна кога се работи за изгрдбата на патната инфраструктура. Покрај експресните и локалните патишта се градат и три автопати, а на градилиштата низ земјава ова лето се ангажирани околу 4000 работници.