Македонија
28. February 2016 - 19:08

Груевски на терен во Чучер Сандево: Нов пат, нова градинка и спортска сала

Градинка, спортска сала и асфалтирање на патот со коцката се некои од проектите кои владеачката партија ќе ги реализира во општината Чучер Сандево. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој беше во посета на селата во општината вети дека во наредните две години патот од Бутел до селото Мирковци ќе се рехебилитира.

Жителите на Чучер Сандево до септември ќе добијат и нова градинка, со капацитет од 150 деца. Надлежните ветија и изградба на нова спортска сала која треба да почне кон крајот на оваа година.

Груевски разговараше и со жителите на Кучевиште кои побараа реновирање на спортската сала и поголемо искористување на просторот што го зафаќа амбулантата во селото .

Груевски вети дека ќе се разгледа и предлогот на жителите на Кучевиште за воспоставување на ноќна автобуска линија до селото.