Македонија
14. January 2016 - 21:02

Груевски до граѓаните: По временото повлекување огромна ќе биде победата заедно со вас на следните избори

Претседателот на Владата Никола Груевски во вечерашното обраќање до јавноста истакна дека утре изутрина до претседателот на Собранието ќе испрати писмо со времено повлекување на функцијата претседател на Владата, која ќе биде ефективна на сто дена пред официјалниот датум на избори. 

- Утре изутрина до претседателот на Собранието ќе го испратам моето писмо со оставка на функцијата претседател на Владата, која ќе биде ефективна на сто дена пред официјалниот датум на избори, рече премиерот. 

Премиерот писмото со времената оставка ќе ја достави до Собранието, како што кажа, бидејќи навршуваат стоте дена пред 24 април, денот за кој е договорено да се одржат предвремени парламентарни избори и оти тоа е влезено во закон.

- Јас стојам и зад тој дел од договорот. Сакам конечно да се остави сета незивесност, да се остават сите проблеми, конфликтност зад нас, сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива, истакна Груевски. 

Оваа времена оставка, потенцира тој, „ја покажува силата на нашето убедување и вербата во демократијата“.

- Мои почитувани граѓани, денес правам важен чекор заради мојата верба во вас. Со нетрпение ги чекам сите идни разговори со вас, разговори на тема затоа што тоа е мојот план да бидам постојано со вас и да разговараме и да се договориме за заедничката иднина на нашата татковина. Ќе споделуваме идеи и планови, проекти, мерки, чекори и мислења како да се подобриме и што дополнително да направиме. Заеднички ќе обзаниме една нова ера на визија, на акција и на резултати. Денес Македонија им докажува на сите дека верува во себе и знае што прави и се бори за себе и својата подобра иднина и нема да дозволи никој да си игра со тоа. Јас верувам во вас и верувам во Македонија. Знам дека и вие верувате. Одиме напред заедно, рамо до рамо, секој ден до денот на изборите кога повторно ќе застанеме цврсто и со гордо крената глава ќе кажеме успеавме. Македонија успеа и ние сме дел од таа голема победа, истакна Груевски во своето обраќање до граѓаните. 

Потсети дека нашата земја е предолго заглавена во политичката криза и дека минатово лето четирите најгоелми политички партии заедно со олеснувачите на меѓународната заедница склучија договор за да  ја надминат кризата.

- Не можам да не истакнам колку е важно да се остават пролбемите зад  над за да може народот и државата да продолжат напред. Да се отворат нови работни места, да се градат училишта, инфраструктура, патишта, болници, субвенции, зголемување на плати на пензии да продолжи силно растот на нашата економија. Сите партии потпишаа договор што треба да ја разреши и да заврши кризата. Ние направивме многу компромиси. Дури бевме критикувани дека премногу сме бле компромиснии премногу сме попуштале. Ние тоа го правевме свесно и за доброто на државата, рече Груевски.

Потсети дека ВМРО-ДПМНЕ како партија ги исполни во целост своите обврски од договорот во Пржино. СДСМ доби двајца министри со ресор и три дополнителни заменици министри, се одбра специјален јавен обвинител со целосни услови за непречено да работи, беше одбран составот на ДИК каде опозицијата има своја доминација и секретар, и претседател од своите редвои, Изборнот законик беше променет согласно барањата на опозицијата, а со посредство на меѓуанродната заедница.

- Изборите треба да се закажат за 24 април, сега е време да се исполни оваа обврска. За жал, неодманешните изјави од страна на СДСМ фрлаат сенка врз овој дел од договорот. Ова е јасна замка за да се држи нашата земја во заложништво, да  се држи во криза, конфликтност и да се оспори правото на народот. Правото на народот да ги одбира луѓето кој мисли дека треба да ја предводат државата. Јас сум против ова кочење и против ваквото држење во заложништво на нашата држава, рече Груевски.

Договорот, нагласи, исто така опфаќа и времено повлекување на премиерот на 100 дена прд изборите.

- Навршуваат стоте дена пред 24 април денот за кој е договорено да се одржат избори и тоа е влезено во закон. Јас стојам и зад тој дел од договорот. Сакам конечно да се  остави сета неизвесност, да се остават сите проблеми, конфликтност зад нас и сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива....Најдобрата победа над оваа валкана кампања против Македонија  водена преку најразлични методи изминатава годна, односно година и пол се чисти избори кои нема да дадат никаков изговор никому. Такви беа изборите со кои освоиме огромна победа, огромна ќе биде победата заедно со вас и на следните избори. Но овојпат одиме со вакви потези и чекор понатаму убедени дека ова што го правиме е за доброто на државата и на народот, потенцира Груевски

Македонија, додаде, мора да оди напред и ние заедно со народот ќе се избориме за тоа.

- Мојата партија и јас лично се држиме до овој договор затоа што стоиме до вас, се потпираме на вас, веруваме во вас. Ваше е и единствено ваше е правото да одберете кој ќе ја води оваа држава. Вие - народот на Макеоднија, вие сте нашата главна потпора и јас ова го правам за вас, затоа што верувам во вас и во вашата одлука и проценка. Вие се знаете и на вас се ви е јасно, никој не смее да ве потценува, вие ќе го кажете вашето мислење на следните избори, јасно и децидно и тоа ќе биде громогласно и убедливо. Следните избори треба да означат еден нов почеток, месеци на политичка криза и вознемирувачки случувања, шпионажи, безбедносни и економски предизвици ќе бидат зад нас. Месеци на кавги, поделби, гнев, агонија, обиди за економски, политички, па и безбедносен колапс на Македонија. Но, ние истраивме истраивме заедно со вас и ќе победиме заедно со вас, им порача груевски на граѓаните.

Јас, посочи, на следните избори нема да губам време да се враќаме на старите политички препукувања и сплетки на опозицијата.

- Имам големи планови и сериозни платформи за државната економија, раст и развој, за опстојување на патот за отворање на нови работни места и инвестиции во сите области. Ќе презентирам детална програма за да се постигнат очкеувањата кои ги имате од нас и може да сметате на мене дека ќе го исполнам ветеното. Затоа што јас држам до дадениот збор, потенцира Груевски.

Другите, им рече на граѓаните, можат да се вплеткуваат во политика на лична деструкција, во деструктивни и непродуктивни сценарија. Но мојата програма, мојата програма е за тебе, за твоето семејство, за твојата работа, твоите приходи и плати и за изградбатс на нашата земја како место во кое ќе може да се гледаат вашите надежи и соништа. И конечно овој потег ја одбележува нашата заложба да се средуваат реботите, да се опстојува на зборот и вие имате  право да го очекувате тоа од луѓето во политиката, посветено и верно да го исполнуваат тоа што го ветиле и што виес сте го побарале преку вашиот глас. 

Изборите на 24 април ќе го отргнат облакот на неизвесност и ќе го заменат со нов и силен мандат, со нов ветар во грб. Кога се ова, сета оваа агонија која ја создадоа ќе биде зад нас и ќе докажеме на сите дека Македонија е силна и отпорна и дека никој не смее да го потценува нашиот народ, дека знае што сака и знае кого и зошто го поддржува. Тогаш Владата ќе ја води оваа држава напред во изградба на нашата економија и подобрување на стандардите и условите, истакна Груевски.