Македонија
20. August 2015 - 19:36

Груевски: Aко се менува изборниот систем, тогаш да биде мнозински

Воведувањето на една изборна единица во Македонија за владејачката партија е неприфатлив предолг. Доколку има менување на долгогодишниот пропроционален систем , ВМРО ДПМНЕ ќе се залага следниот модел да биде мнозинскиот . Премерот Никола  Груевски смета дека тогаш до израз ќе дојде и личноста и пратеникот а не само партиската припадност.

 Веќе долги години во Македонија имаме пропорционален систем со шест изборни единици. Од она што можам да го забележам тоа не прави никакви проблеми и системот е прилично добар. Ако веќе разговараме за промена на системот и ако сакаме да имаме некоја додадена вредност од оваа промена на системот, мислам дека воведувањето на мнозински систем на гласање е систем којшто може да биде нова додадена вредност. Ако се оди на промена, тогаш ставот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе класичен мнозински систем. Тогаш до израз доаѓа и личноста на пратеникот, не само партиската припадност, туку и личноста на секој пратеник и сите други предности коишто ги носи овој систем коишто и многу аналитичари во државата го предлагаат,

Според премиерот , предлогот на СДСМ дијаспората да гласа во една изборна единица  значи прелевање на гласовите и можноста  тие да загубат свој претставник во парламентот.

 Во однос на дијаспората клучно е таа да продолжи да има барем најмалку по еден пратеник од трите изборни единици. Не е поентата само тие да гласаат и нивните гласови да се разлеат во многуте гласови во Македонија и тие да немаат свој пратеник. Не е само прашањето дали ќе го задржат правото на глас, туку дали ќе имаат свој пратеник преку којшто ќе ги искажуваат своите ставови, предлози и проблеми. Тоа не смее да им се одземе. И ВМРО-ДПМНЕ ќе го застапува тој став и ќе се бориме тоа да остане. Одземањето на пратениците коишто ги делегира дијаспората преку политичките партии во Македонија е скратување на врските со дијаспората и е праќање на лош сигнал кон дијаспората која што многу и помага на Македонија во секој поглед, изјави премиерот Груевски.

Идејата за електронска регистарција на гласачите за премерот Груевски е прифатлива. Гласањето со  електоронски отисок од прст треба да се спроведе на сите идни а не само на овие предвремени избори , вели премерот.

Да има електронски отисок на секој гласач при регистрацијата и при гласањето за да не може утре некој нас да не обвинува дека илјади гласови сме украле, 150 илјади гласови биле фантомски, рече Груевски по посетата на дебарско-реканскиот крај.