Македонија
3. November 2021 - 16:28

Груби - Ветингтон: На Северна Македонија и треба политичка стабилност, oставката на Заев е избрзана

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓузаедниците, Артан Груби денеска оствари средба со членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), г. Олин Ветингтон.

Груби и Ветингтон на оваа средба разговараа за политичката состојба во земјата, со посебен акцент на локалните избори кои се одржаа во месец oктомври и периодот по нивното завршување.

Груби истакна дека на Република Северна Македонија и треба стабилност, предвидливост и дека оставката на премиерот Заев е избрзана.

Првиот вицепремиер Груби му порача на членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), г. Олин Ветингтон дека на земјата и е потребна стабилност во политиките наспроти енергетската криза која се очекува да ја зафати не само Северна Македонија туку и цела Европа, здравствената криза и не заборавајќи на продолжувањето на разговорите со Република Бугарија, но и строгото спроведување на Преспанскиот договор.

На крајот на оваа средба, Груби му се заблагодари на американската ИРИ што и понатаму е силен поддржувач на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон развојот и интеграцијата во Европската Унија.