Бизарно но вистинито
6. November 2015 - 17:40

Грозно: Црви изеле жив човек!

Маж од Меделин во Колумбија, чиј идентитет не е соопштен, починал од канцероген тумор кој го создале црви кои се хранеле од неговите органи.

Пациентот бил заразен со ХИВ и неговиот слаб имунолошки систем дозволил да се зарази со црви.

Овој необичен случај е дијагностициран благодарение на соработката со Американскиот центар за контрола на болестите и Музејот на природата на Велика Британија.

Докторите кои работеле на случајот ја опишале болеста како „луда и невобичаена“.

Докторите првпат се обиделе да ја дијагностицираат болеста кај 41-годишниот пациент уште во 2013 година. Кај пациентот се пронајдени вообичаени тумори, некои големи и до 4 сантиметри, во белите дробови, црниот дроб и другите органи.

Но кога лекарите почнале детално да ги прегледуваат наодите, забележале дека канцерогените келии не се човечки.

Некои биле и по 10 пати поголеми во однос на човечките.

-Тоа немаше никаква смисла - изјави еден од лекарите кој го опиша овој случај како луд.

Лекарите на почетокот сметале дека се работи за келии на рак кои се сналиле, но и дека во прашање е можеби нова инфекција.

-Ова беше крајно чуден случај., поради кој со ноќи не спиевме, објаснуваа лекарите.

Како што е објаснето, црвите во малигните келии неселе јајаца и се размножувале, се додека не го убиле пациентот.

Пациентот во времето кога се откриени црвите бил премногу слаб и не можел да ја издржи терапијата.

Починал три дена подоцна.