Живот
7. October 2018 - 14:26

Гроб на нацист среде Амазон крие ужасна тајна: Ако успееше нивниот план, Хитлер ќе удреше и на Американците

Веќе 80 години со мистерија е обвиен еден гроб среде бразилската џунгла. На него се наоѓа свастика и крст на кој е напишано: Овде на 2 јануари 1936 година умре Јозеф Грајнер, во служба на германскиот истражувачки тим.

Од каде гроб на германски нацист длабоко бо бразилсакта прашума, во изолираното село Ларанжал до Жари? Историчарите и истражителите веќе со децении пишуваат книги и откриваат бројни документи кои докажуваат дека нацистите по Втората светска војна бегале во Јужна Америка, Но, за една завера, односно план на нацистите многу малку се знае, а станува збор за нивната експедиција која почнала пред војната.

Нацистите пред војната сакале да воспостават мостобран во Јужна Америка, па имале намера да освојат најголем дел од амазонското користо. Тајната мисија се нарекувала „Проект Гвајана“ и настанала од експедицијата  во Амазон која ја предводел Ото Шулц-Кампфенкел, берлинско зоолог, режисер на документарни филмови и член на хитлеровите СС дивизии.

Цели 17 месеци, од 1935 до 1937 година, нацистичките научници и истражувачи предводени од Шулц - Кампфхенкел, се пробивале низ бразислакта прашума околу границите со Француска Гвајана. Собирале животински черепи, накит од домородните племиња и ја проучувале топграфијата по текот на реката Жари.

„Експедицијата почнала со вообичаените научни цели. Но во Германија почнувала војната и Шулц - Кампфхенкел почнал да ја разработува идејата за нацистичка колонизација, рече Јенс Глусинг, дописник на Шпигл од Бразил и автор на книгата „Проект Гвајана“.

Шилц-Кампфхенкел својот план во 1940 година му го претставил на Химлер, шеф на СС и Гестапо. Целта била са се ослаби регионалните влијанија на САД, пишува Љујорк тајм, со освојување на Француска Гвајана и соседните холандски и британски колонии. Меѓутоа, планот за создавање на „Германска Гвајана“ пропадна. Делумно и затоа што територијата на Француска Гвајана паднала во раце на колаборационистичката влада од Виши, а делумно и поради лошата среќа на експедицијата.

Тој за својата експедиција на располагање имале хидроавион Хенкел Хе 72, кој бил претставен како пример и гордост на нацистичката индустриска иновација. Но авионот при слетувањето се превртел при слетувањето, и тоа само неколку недели од почетокот на експедицијата. При целото патување на траењето на експедицијата, научнитеците кои себеси се сметале за припадници на „виша раса“ зависеле од домородните племиња за да преживеат и да го пронајдат својот пат низ џунглата.

Со тек на време нацистите заболеле од маларија и од други тропски болести. Самиот Шулц-Кампфхенкел преживеал тешка дифтерија, но неговиот најблизок соработник Јозеф Грајнер не успеал, починал од непозната треска, а неговиот гроб среде џунглата стои како симбол на неуспешниот нацистички план.