Македонија
20. March 2023 - 16:34

Грковска го укори Груби и ја повика антикорупциската да постапи за неговиот брат

Играњето фудбал во министерски кабинет не е начин на кој треба да работат функционерите. Вицепремиерката за добро управување ги укори своите колеги министри кои неодамна стресот од работата го ублажуваа со топка во канцеларијата на Груби.. Од нив побара поголема чувствителност во однесувањето.

Грковска ја повика антикорупциска да ги провери информациите за судир на интереси кај Груби, за кого се тврди дека фирма на неговиот брат зела пари од владата.. Вели, клучна улога во справувањето со корупцијата, го има правосудниот систем.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и денеска го повика Јавното обвинителство да истражи како од минусно салдо, компанијата на братот на вицепремиерот Груби стекнала милионска сума пари.

Во меѓувреме премиерот Кочавески вели дека чека антикорупциска и обвинителствотото да утврдат дали договорот со Бехтел и Енка потпишан од Груби е исправен.

Антикорупциска веќе најави дека ќе ја побара целокупната документација од конзорциумот кој треба да гради четири автопатски делници, но појаснија дека процесот е сложен и ќе биде потребно повеќе време за анализа на податоци.