Свет
24. November 2019 - 13:05

Грета Тунберг ќе биде водителка на емисија на Би-Би-Си на Божик

Младата шведска активистка за климата, Грета Тунберг, ќе биде гостин-водител на британското радио Би-Би-Си во текот на божиќните празници.

Традиционално, Би-Би-Си во текот на празникот ангажира познати личности да ја водат нивната радиска програма, а младата Швеѓанка (16) ќе биде една од петте годинешни водители.

Таа ќе разговара со водечките светски борци и активисти против климатските промени, меѓу останатите и за ситуацијата на Антарктикот и Замбија, а ќе бидат емитувани и бројни извештаи од целиот свет за радио Би-Би-Си.

Таа, исто така, ќе има интревју со гувернерот на Англиската банка, Марк Корни, се додава во соопштението на британскиот јавен сервис.