Бизнис
29. September 2016 - 19:41

Грејната сезона за скопјани може да почне и порано

Се враќа интересот на домаќинствата да се греат на парно. Од вотрата половина на август до сега  800 тини  потрошувачи побарале  да се вратат на мрежата на  БЕГ , 600 тини  веќе добиле приклучок. Најголем дел од нив се граѓани кои претходно го откажале греењето и сега одлучиле повторно да се вратат. Според БЕГ зголемениот интерес се должи на поевтинувањето на греењето.

Според најновиот извештај на УХМР од следната недела се очечува значителен пад на температурите, поради што скопјани може да добјат греење порано до 15 октомври кога и официјално треба да почне грејната сезона. Тоа го дозволува и правилникот за топлинска енергија во кои е наведено дека ако температурите се пониски пред да почне сезоната, компнаијата има обврска греењето да го пушти и порано.

Претпријатието  на први октомври ќе почне и со секојдневните  проверки на системот за топлинска енергија за да биде подготвен . Апелираат и до потрошувачите навреме да ги завршат започнатите интервенции во внатрешните инсталации.

За 11 отсто поветини греењето во август годинава. Поевтинувањето  се должи на намалувањето на цената на природниот гас и нафтата на светските берзи. Се донесе  и одлука порамнување на сметките веќе да не се  прави два пати во годината, туку само еднаш и тоа  во летните месеци, декемвриско порамнување  веќе нема да има. И оваа грејна сезона радијаторите ќе бидат топли до 22 часот.