Балкан
4. March 2020 - 10:17

Грција употреби солзавец против мигрантите на границата со Турција

Грчките власти утрово употребија солзавец и зашеметувачки гранати за да го спречат приливот на мигранти кои сакаат да влезат во земјата од Турција, откако Турција соопшти дека ќе ги отвори своите граници за секој што сака да ја премине.

Конфликти се појавија во близина на пограничното село Кастанјес, по должина на оградата на границата со Турција, која ја следи копнената линија до реката Еврос.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела изјави дека ќе ја отвори границата и ќе дозволи секој што сака да ја премине, што предизвика илјадници мигранти да се упатат кон Европа.

На граничните премини настана хаос, има сè повеќе конфликти и насилство.