Фудбал
12. јуни 2021 - 11:20

Грција се жали во УЕФА поради амблемот на македонските дресови

Иако не избори настап на Европското првенство во фудбал, Грција и нејзината фудбалска федерација имаат барања до УЕФА.

Имено, грчката федерација се жали до организаторот поради тоа што на македонските дресови стои амблемот и називот ФФМ – Фудбалска федерација на Македонија.

Според Грците, ФФМ мора да го смени името и да го имплементира новото уставно име Македонија.