Балкан
18. May 2017 - 11:55

Грција се надева дека следната недела ќе има генерален договор со кредиторите

Основното сценарио на кое секој работи е да имаме генерален договор на 22 мај, со дефинирање на среднорочни мерки за долгот и ратификација на Договорот на техничко ниво, изјави денеска портпаролот на грчката Влада, Димитрис Цанакопулос.

- Пораките што ги добиваме и од политички и од финансиски сектори докажуваат дека сме до последната фаза и веројатно на 22 мај или некој ден подоцна ќе имаме договор, истакна тој.

Цанакопулос нагласи дека грчката Влада нема да ги спроведе мерките ако ММФ не учествува во програмата или ако не се дефинирани среднорочните мерки за грчкиот долг, затоа што, како што рече, ММФ ги бараше овие мерки, а не Европејците.

Инаку денеска попладне политичките лидери ќе одржат говори во Парламентот во рамките на дебатата за новиот нацрт занот за мерките, а гласањето ќе се спроведе во 24 часот.