Балкан
17. November 2018 - 9:51

Грција одбележува 45 години од бунтот против хунтата

Под драконски безбедносни мерки, со ангажирани околу 5.000 полицајци, хеликоптери и полициски дронови со цел избегнување какви било инциденти, денеска во Атина се одбележува 45-годишнината од студентскиот бунт против хунтата.

Традиционалниот марш, како и секоја година, ќе започне во попладневните часови од Политехничкиот факултет, што важи за симбол на бунтот, бидејќи оттаму во 1973 година почна борбата против воената хунта. Насобраните граѓани, во најголемиот број членови на левичарски организации, здруженија и партии, протестот ќе го завршат пред Амбасадата на САД во Атина.

По тој повод ќе бидат затворени поголем дел од главните улици и булевари во центарот на Атина, но и три метро станици.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, доста често, во изминатите години, маршевите завршуваа со сериозни инциденти и судири меѓу демонстрантите и полицијата.</p>

Освен во Атина, протестни маршеви ќе се одржат и во други грчки градови.