Грција надмина два милиони вакцинирани со првата доза
Со над 56 илјади вакцинации во текот на вчерашниот ден, Грција ја надмина бројката на два милиони граѓани кои ја примиле првата доза од вакцината, јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно, од вкупно 2.821.625 вакцинации, 2.004.522 се однесуваат на првата доза, а останатите над 800 илјади се ревакцинации.
Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, преку „Твитер” коментираше дека со надминатата бројка од два милиони граѓани кои примиле барем една доза вакцина, Грција се наоѓа „два милиони чекори поблиску до имунитетот”.
Генералниот секретар во Министерството, Мариос Темистоклеус, кој е надлежен за операцијата „Слобода” односно за процесот на имунизација во Грција, исто така преку „Твитер” рече дека два милиони граѓани вакцинирани со првата доза е „важно достигнување во битката против коронавирусот”.
Во Грција, процесот на имунизација е отворен за лицата над 50 години, за граѓаните со хронични болести од зголемен или висок ризик, за здравствените работници, како и за просветните работници, а од вторник, термин за вакцинација ќе можат да закажат и лицата од 30 до 39 години, за кои ќе се отвори паралелен процес, но само за вакцините на Астра Зенека, поради слободните термини и достапните количини.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
