Грција ќе им подели една милијарда евра на најзагрозените категории граѓани
Грчката Влада најави дека ќе издвои една милијарда евра за помош на најсиромашните граѓани, за кои владиниот портпарол Димитрис Цанакопулос рече дека најмногу страдале во веќе седумгодишната економска криза.
- Вишокот приходи ќе им биде поделен на социјалните групи кои најмногу страдаа и беа под најголем притисок, изјави Цанакопулос во телевизиско интервју.
Грчката Влада инсистира дека во текот на 2017 година економијата ќе се зголеми за два процента, а дека примарниот буџетски суфицит, кога ќе се издвојат трошоците за отплата на долговите, ќе изнесува 2,2 процента од бруто домашниот производ. Цанакопулос изјави дека овие податоци се позитивни и дозволуваат да се помогне на социјалните категории. Невработеноста во Грција, по долгогодишната криза, изнесува 21,3 проценти, односно 42,8 отсто кај младите.
Во меѓувреме, меѓународните кредитори на Грција денеска почнуваат трета ревизија на имплементацијата на финансиската помош. Цанакопулос рече дека Владата на Алексис Ципрас е подготвена да ги пополни сите дупки во буџетот кои може да се појават во текот на ревизијата.
- Грчката страна ќе биде доследна и ќе исполни се што се согласила да направи, изјави Цанакопулос.
Портпаролот воедно го обвини германскиот министер за финансии во заминување Волфганг Шојбле дека сака да се ослободи од одговорноста за кратењата во грчката економија. Шојбле изјави дека меѓународните кредитори не барале од Грција да ги намали пензиите, но според Цанакопулос, ова е обид за префрлање на вината од европските доверители кон грчката Влада.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората