Македонија
25. јуни 2018 - 12:14

Грција ќе ги извести ЕУ и НАТО дека Македонија може да продолжи со интеграциите

Со потписот на Коѕијас на писмото со кое Грција дава зелено светло на македонскиот интеграциски пат, сите очи се вперени во Советот на Европската Унија за општи работи кој денеска и утре заседава во Луксембург. Самиот шеф на грчката дипломатија не крие дека стартот на преговорите за Македонија ќе зависи од договорот токму на ова тело каде како што вели Коѕијас постојат тешкотии, бидејќи одредени земји членки се спротиставуваат на проширувањето.

Најгласна е Франција, а францускиот претседател Макрон официјалниот став на неговата земја го најави за време на Советот на Европската Унија во петок во Брисел.

Високата претставничка за надворешна политика во Луксембург пристигна со оптимизам. Вели дека секој напредок мора да се признае и охрабри.

Охрабрена од Договорот на Заев и Ципрас, австриската министерка рече дека стартот на преговорите не треба да биде награда за како што кажа Северна Македонија.

И Премиерот Заев е оптимист. Тој во изјава за медиумите изрази надеж дека Претседателот на Франција ќе има помеко срце, а неговата позитивна одлука ќе биде мотивација за граѓаните.

За Македонија денот Д би можел да биде утре кога на заедничка маса ќе седнат шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија. Доколку не постигнат согласност, последната шанса да се фати летниот воз земјава ќе ја има во четврток и петок кога во Брисел се состануваат лидерите на земјите членки на унијата.