Балкан
22. July 2016 - 8:48

Грција ја засилува контролата на границата со Турција

Грција ја зајакнува контролата на границата со Турција, со цел да спречи евентулано навлегување во земјата на учесници во обидот за државен удар во земјата. 

Како што јавија грчките медиуми, мерките за зголемувањето на вооружените сили и крајбрежната стража вклучуваат засилени патроли во грчките територијални води во Егејското Море. 

Активна улога во спроведувањето на овие мерки е доделен на Военот воздухопловство, чии единици се дислоцирани на острови во Егејското Море.

Екипите на грчкото Воздухопловство се опремени со камери за откривање на луѓе во морето.