Бизнис
15. November 2019 - 17:32

Грција ја промовираше трговската марка „Macedonia the great“

Нема реакција од македонската влада откако вчера грчкиот премиер го промовираше брендот „Macedonia the great“. На солунскиот самит синоќа Мицотакис рече дека грчките производители се соочувале со нелојална конкуренција затоа што на земјава извезувала под името Макеоднија, но објави дека проблемот ќе биде надминат затоа што производите произведени во северниот дел на Грција ќе се извезуваат под ова име.

И прмеиерот Заев и вицепрмеиерот Анѓушев синоќа рекоа дека за трговските марки ќе се преговара и дека ќе се најде заедничко решение од кое никој нема да би оштетен. За слоганот „Macedonia the great“, премиерот Заев вчера вечер не знаеше дека неговиот грчки колега веќе го промовирал новиот бредн.

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов пак, кој е координатор на Меѓинародната група на експерти од двете земји за трговски марки вели дека досега не е пријавена или регистрирана трговска марка под името „Macedonia the great“ што значи дека таа не можела да биде предмет на разгледување.

„Во врска со слоганот „Macedonia the great“, не сум овластен јас, ниту кој било друг член од грчка или македонска страна, ниту пак некој од претставник од меѓународните организации да даваме коментари во име на Меѓународната група на експерти. Доколку биде пријавен како тргоска марка, за тоа ќе се изјасни соодветниот завод пред кого ќе се бара признавање“.

Во дописот до медимумите Филипов објаснува дека групата досега одржала еден состанок и се очекува наскоро да има нов во меѓувреме течат консултации и се даваат прелдози, но дека официјални средби досега немало.

„Индустриската сопственост, кадешто спаѓаат и трговските марки е приватна сопственост и за тоа постои одредба во Спогодбата, во која се вели дека ништо нема да се промени додека двете страни не се усогласат со решенијата. Деловните заедници, стопанските комори разменија писма со намери да се соработува кон правилно разрешување во духот на добрата деловна практика и Спогодбата од Преспа“.

Согласно преспанскиот договор, прашањето за трговските марки треба да биде затворено до летото 2022 година.