Балкан
27. April 2017 - 9:41

Грција ја осудува ревизионистичката политика на Анкара во Егејското Море

Грција ја осудува ревизионистичката политика на Анкара во врска со статусот на острови во Егејското Море.

- Категорично ја осудуваме континуираната ревизионистичка политика на Турција, која во провокативните изјави на нејзини претставници ги става под сомневање меѓународно признатите граници, одреднени и гарантирани согласно меѓународното право уште од минатиот век, се наведува во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи.

Соопштението е реакција на изјавата на турскиот министер за европски прашања Јомер Челик, во која тој го става по сомнение статусот на грчкиот остров Агатониси во Егејското Море. 

Во соопштението се додава дека тоа провокативно однесување на Турција е опасно.