Балкан
13. March 2016 - 18:21

Грција го поддржува присуството на турски набљудувачи на островите

Грција го поддржува присуството на турски набљудувачи на своите острови во Егејското Море, а кои се таму со цел да се забрза планот за враќање на мигрантите во Турција.

- Се надеваме дека тие ќе дојдат на островите...поради тамошниот хаос мора да се воспостави ред и би било глупаво да се одбие помош, изјави грчкиот министер за миграција Јанис Музалис за Скај телевизија.

Според договорот меѓу ЕУ и Турција, за секој Сириец кој ќе биде вратен во Турција од грчките острови, друг Сириец од Турција ќе биде префрлен во некоја членка на ЕУ.

Во Грција во моментов се наоѓаат повеќе од 42.000 мигранти и бегалци, од кои 7.700 се на егејските острови.