Loading Video...
Македонија
6. July 2020 - 12:30

Грција ги затвори своите граници за Србите од 6 часот утрово

Грција ги затвори своите граници за Србите од 6 часот утрово. Одлуката на грчката влада важи до 15 јули, а донесена е затоа што голем број случајно тестирани патници кои пристигнале во Грција или кои се таму од 15 јуни, се позитивни на вирусот.

Српските граѓани, кои веќе се во Грција како туристи, ќе можат да останат таму до крајот на аранжманот и потоа да се вратат во својата земја.

Оние српски граѓани пак кои цела ноќ чекаа за влез во Грција на бугарско–грчката граница со радост ја дочекаа веста дека нив сепак ќе им биде дозволен влез.

Здравствените власти во Црна Гора најавуваат целосен карантин за главниот град Подгорица каде што во моментов се активни 118 случаи на инфекција со коронавирус. Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани уште 61 случај на заболени од Ковид-19, од кои повеќето се од Рожаје, објави црногорскиот Институт за јавно здравје.

На парламентарните избори во Хрватска, владејачката партија ХДЗ на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ оствари убедлива победа. Според резултатите на Државната изборна комисија, врз основа на обработени 86 отсто од избирачките места, ХДЗ со своите коалициски партнери освоиле 67 мандати, додека на коалицијата Рестарт, предводена од Социјал демократската партија и припаднаа 41 мандат. На трето место се наоѓа Татковинското движење на Мирослав Шкоро со 16 мандати.

Премиерот и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ синоќа им се зблагодари на сите кои гласале за неговата партија.

На парламентарните избори во Хрватска, своето право на глас го искористиле 46,68 отсто.