Грција бара коментаторите на МРТ да го користат терминот Северна Македонија
АНА-МПА, државната новинска агенција на Грција, објави реакција со која побара коментаторите на македонскиот национален сервис да го користат официјалното државно име кога настапува македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.
Фудбалската репрезентација на Северна Македонија го забележа првиот настап вчера на едно европско првенство, играјќи против репрезентацијата на Австрија, од која загуби со 3-1, на првиот натпревар од групата.
- Натпреварот го пренесува државната телевизија на Северна Македонија, „МРТ“, кој има права за емитување на ЕУРО 2020 во земјава.
И покрај фактот дека „МРТ“ се финансира директно од државниот буџет на Северна Македонија (не од реципрочен надоместок) и затоа, според Договорот од Преспа, тој мора да го користи официјалното име на земјата, при преносот на натпреварот го стори токму спротивното. Двајцата коментатори на натпреварот постојано зборуваа за „националноста на Македонија“ и ја нарекуваа земјата „Македонија“.
Во никој случај тие не зборуваа за „државјанин на Северна Македонија“ во текот на целиот натпревар, ниту го користеа новото име на земјата, „Северна Македонија“, реагира АНА-МПА.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден