Балкан
21. July 2015 - 8:38

Грчките власти почнаа операција за спасување имигранти од Средоземното Море

Властите во Грција почнаа операција за спасување на 150-200 илегални имигранти, кои биле откриени на 95 милји од бреговите на островот Карпатос во југоисточниот дел на Средоземното Море, јавуваат грчки медиуми.

Имигрантите патувале со 13-метарски чамец, што претрпел дефект и бил оставен на брановите.

Спасувачката операција е отежната од силниот ветер во областа.