Македонија
2. September 2016 - 16:38

Грчките власти алармираат на нов мигрантски бран кон Македонија

Мигрантската рута на потегот Турција Грција Македонија повторно се активира. Катимерини пренесува  дека грчката полиција во обид да го спречи илегалното преминување на границата со Македонија дневно апси од 50 до 200 лица. 
 
Повеќето мигранти доаѓаат со воз до Кукуш и одкаде преку шумата и долж брегот на Дојранското Езеро се обидуваат да влезат во Македонија.  
 
Други пак се обидуваат да ја преминат границата кај селото Хамило во близина на Идомени, објаснува за весникот преставник на грчката полиција.
 
И на вчерашната  министерската конференција на земјите членки на ОБСЕ се согласиле дека ситуацијата е аларманта, и дека Македонија може повторно да се најде на удар поради што е потребно соработка на меѓунарадно ниво. 
 
Вчера во Солун и на грчките острови протестираа стотици  мигранти барајки да им се отворат границите. Во Грција се заглавени околу 60 000 мигранти, откако во март им беа затворени европските граници. Повекето од нив барат азил  од грчките власти а за да не бидат депортирани во Турција.