Македонија
30. јуни 2016 - 16:06

Грчкиот претседател со остри закани кон Македонија

Без разлика на годините кои минуваат Атина нема да се покори  на скопската пропаганда. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос со нови закани за Македонија.

Нема ниту членство во ЕУ, ниту во НАТО додека не се реши спорот со името порача од Кавала грчкиот претседател. Овој пат се наврати на историјата и во својот говор преку посланијата апостол Павле тврдеше дека Македонија е Грчка.

- Дури и апостолот Павле преку посланието до Филипјаните историски го запишал грчкиот карактер на Македонија. Нека не си замислуваат дека ќе се измориме со постојаните тврдења дека нема да и се покориме на оваа пропаганда ниту пак дека некогаш ќе направиме отстапка по однос на ова прашање и во и надвор од Грција. Така ќе биде и со членството на соседната земја во меѓународните организации. Неприкосновено за нас е даја почитуваат историјата и да ја почитуваат вистината, вели Павлопулос.

Павлопулос во Кавала, на 103 годишнината од ослободувањето како што велат од бугарска окупација,  беше дочекан со најголеми почести, а ја доби и титулата почесен граѓанин. Посетата на Павлопулос на Кавала се поклопи и со чествувањето на празникот посветен на светите апостоли Петар и Павле.

Уште еднаш со оваа последна посета потврди дека спорот со Македонија останува во главниот фокус на неговата политичка агенда дополнително подгревајки го грчкиот национализам по однос на ова прашање.