Грчкиот државен долг намален на 168,8 отсто од БДП
Државниот долг на Грција во првиот квартал од оваа година е намален на ниво од 168,8 отсто од бруто домашниот производ, но и натаму е највисок во рамки на ЕУ, соопшти денеска Евростат.
Како што јави ДПА, грчкиот државен долг во првите три месеци од годинава е намален за осум процентни поени во однос на последниот квартал од 2014 година, што претставува најголемо намалување на задолженоста во ЕУ.
Во првиот овогодишен квартал, според податоците на Евростат, државниот долг на Грција изнесувал 301 милијарди евра, од кои најголем дел отпаѓа на задолжувања на име на кредити, дури 129 проценти од БДП.
Веднаш по Грција, на листата на најзадолжени земји во ЕУ следуваат Италија и Португалија, со ниво на долг од 135,1, односно 129,6 процентни од БДП.
Од друга страна, најмалку задолжени држави во Унијата се Естонија со ниво на долг од 10,5 проценти од БДП, Луксембург со 21,6 и Бугарија со 29,6 отсто.
Според правилата на ЕУ, долгот на една земја-членка не треба да биде поголем од 60 проценти од БДП. Овој услов во првиот квартал од 2015-та го исполниле само 11 од 28-те членки на Унијата - Бугарија, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Луксембург, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Шведска.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите