Грчки владини извори: Мицотакис не знае каква слика дава поради Договорот од Преспа
Господинот Мицотакис веројатно има целосно незнаење за тоа каква слика им има дадено тој, неговата партија и насилните постапки на јуришните групи во грчкиот парламент од последниот протест, на меѓународната јавност и на европските лидери поради Договорот од Преспа, коментираат грчки владини извори за изјавата на лидерот на Нова демократија кој рече дека Ципрас е „недостоен премиер“ и „го дели народот“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Ако камерите вчера ги снимаа и off the record коментарите на европските лидери, можеби и ќе ја сфатеше штетата што ја има направено како во неговата партија, така и во земјата. И ако не ни верува, нека ги слушне денешните официјални изјави на претседателот Анастасиадис, кој како што е познато не ѝ припаѓа на левицата, коментираат изворите од грчката влада.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто