Македонија
8. February 2016 - 12:09

Грчки медиуми: Нови сценарија за „ѕид“ на југот од Македонија

Ситуацијата со мигрантите на грчко-македонската граница е една ог главните теми во грчките медиуми кои цитираат светски медиуми и разни дипломати од Европската унија за можните сценарија што се планираат за заштита на границите на ЕУ.

Весникот „Етнос“ денеска пишува дека „Фајненшл тајмс“ ја потврдил информацијата од пред неколку дена на германскиот „Велт“ дека ЕУ сака да ја „помести“ својата јужна граница од Грција во Македонија и за тоа се бара поддршката од Жан Клод Јункер.

- Земјите-членки на ЕУ се договорија за деталите за контроверзниот план да испратат повеќе гранични полицајци и дури и војници на границата на Македонија со Грција, во обид да се запре приливот на мигранти кои влегуваат во северна Европа. Затегнување на границата меѓу Македонија и Грција стана популарeн план во Брисел и Берлин, како и во најголемиот дел од земјите по должината на балканската рута, додека Атина е против, пишува „Фајненшл Тајмс“.

„Етнос“ нагласува дека британскиот весник напиша оти планот е контроверзен затоа што земјите членки на ЕУ „изгледа се подготвени да ја покажат нивната поддршка за Македонија, која не е членка на ЕУ, наспроти Грција која е членка“ и оти „дипломати од земјите во северна Европа ја поздравиле идејата да ја направат Грција де факто бегалски камп за остатокот од Унијата...“.

- Нешто повеќе од 67.000 луѓе годинава влегле во Европа преку Грција, а бројот на пристигнувања не покажува знаци на забавување. Дипломатите стравуваат дека оваа бројка ќе се зголеми во текот на следните неколку недели, поради влошувањето на ситуацијата во Сирија. Официјални претставници од голем број земји вклучени во разговорите – кои ја вклучуваат Грција, Турција и земјите од поранешна Југославија - ја зголемија можноста земјите-членки да испратат војници на македонската страна на границата со Грција, во обид да се контролира или дури и ‘херметички да се запечати’ границата, велат дипломатски извори.

Планот, кој прва го покрената Словенија минатиот месец, е особено спорен затоа што, како што се чини, земјите членки на ЕУ се здружуваат Македонија која не е членка на ЕУ, против нејзиниот историски ривал Грција, која е членка на ЕУ“, пишува „Фајненшт Тајмс“.

Грчките медиуми го цитираат и германски „Велт“ според кого „се повеќе земји од ЕУ сакаат Македонија да стане бастион против бегалците“.

Нагласувајќи дека германскиот весник нашата земја ја нарекува со нејзиното уставно име „Македонија“, грчките весници пишуваат оти во членките на ЕУ е поткопана довербата кон Грција дека може да ја заштити својата граница со Турција, која е надворешна граница на Европската унија. Токму затоа напорите се фокусираат на обезбедување на границата меѓу Грција и Македонија, што во Грција се коментира дека ЕУ „ја гледа својата надворешна граница во Македонија“ и сега Македонија билатерално ќе се поддржи со зајакнување на граничната полиција. Исто така се наведува дека, според „Велт“, Унгарија, Чешка и Словачка досега испратиле околу 60 полицајци во Македонија за да ја чуваат границата со Грција, додека Европскста комисија е подготвена веднаш да одвои 10 милиони евра за полицајци од други земјите чланки на Унијата кои ќе ја луваат грчко-македонската граница.

Сите грчки медиуми денеска јавуваат и дека Македонија на границата со Грција поставува двојна ограда. „Катимерини“ се повикува на македонски извори, според кои новата ограда ќе биде долга 37 километри и е на само пет метри од сегашната која беше подигната во ноември.

- Ова се прави со цел да се даде повеќе време на полицијата да реагира при обиди на економските мигранти на кои не им е дозволено да ја поминат границата, да влезат на македонска територија. Новата ограда е во рамки на намерите кои македонските власти ги соопштија во врска со зајакнување на контролата на границата, наведува „Катимерини“.