Loading Video...
Фудбал
12. March 2018 - 17:26

Грчката влада го прекина фудбалското првенство

По вчерашниот скандал во Солун , грчката влада одлучи да го прекине фудбалското првенство на неодредено време. Националната лига е прекината откако сопственикот на  ПАОК, Иван Савидис на мечот против АЕК влета на теренот со пиштол во обид да се пресмета со судијата.  По денешниот состанок на грчкиот премиер Алексис Ципрас и заменикот министер за спорт, Јоргос Василијадис донесена е одлука да се запре првенството.

Василијадис соопшти дека првенството нема да започне повторно се додека не се направи јасна рамки со нови правила и услови“ истакна заменикот министер за Ројтерс. Исто така е нагласено дека грчкиот фудбалски сојуз и Владата се во постојан контакт и не постои можност за загрозување на спортските правила и мешање на политиката во спортот.

За само неколку години ова е втора ваква одлука за прекин на грчкото првенство и тоа сега откако главниот судија Јоргос Коминис мораше да го прекине вчерашниот меч во Солун по влегувањето на Савидис на терен откако беше поништен гол на ПАОК кој се бори за шампионскиот трофеј со АЕК. Поради случувањата на стадионот грчката политика издаде налог за апсење на Савидис и четири члена на неговото обезбедување.