Балкан
5. May 2016 - 13:11

Грчка анархистичка група се заканува со интензивирање на напади

Еден член на анархистичката група „Рувиконас“ (Рубикон на грчки) се закани дека групата планира да „стане многу опасна“.

Во интервју за сајтот hitandrun.gr, Јоргос Калаиѕидис изјави дека групата има се повеќе членови и оти планира „да направи подобри, поголеми и почести потези кои ќе создадат уште поголем проблем за државните органи“.

Тој информира дека групата планира да ги интензивира своите активности со „заземање“ на јавни згради, концерти и протести, „но и симболични напади врз разни цели“.

„Рувиконас“ веќе ја презеде одговорноста за неколку напади врз полициски станици, објекти на медиуми, за демолирањето на просториите на Фондот за приватизација, како и за акции против странските дипломатски мисии и уништување на апаратите за билети во неколку метро станици низ Атина.

- Нашата желба е Рувиконас да не биде група, туку тренд. Ние сакаме да бидеме опозициска сила на улица, изјави Калаиѕидис.