Грантови за млади претприемачи од немнозинските заедници
Грантови од 5.200 евра за поддршка на претприемништвото кај младите од немнозинските етнички заедници е новиот проект финасиран од ЕУ во рамките на ИПА за кој денеска информираа од Фондацијата Претпремачки сервис за млади (ПСМ) на првата информативна сесија за повикот за доделување грантови.
Според Александар Филиповски од ПСМ проектот „Заедно за успех“ кој е дел од програмата ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите има цел да ги вмрежи младите претприемачи од различна етничка заедница.
- Во рамките на проектот се објавува повик во кој ќе бидат доделувани грантови кои ќе бидат имплементирани од граѓански организации на локално ниво. Активности кои што ќе бидат имплементитрани се однесуваат на младинското претприемништво со инклузија на немнозински етнички групи во кои се очекува да биде подобрена состојбата со младинското претприемништво, истакна Филиповски.
Појасни дека за да се добие грант потребно е да аплицираат минимум две организации коишто таргетираат млади претприемачи од различни етнички заедници. Тие потоа треба да адресираат минумум 15 претприемачи кои ќе бидат корисници од активноста која што тие треба да ја импелемнтираат на локално ниво.
Грантовата шема има вкупен фонд од 2.882.271 денари. Грантовите се отворени за граѓански организации, при што се планира да бидат вклучени најмалку 18 граѓански организации.
Предлог-проектите треба да бидат со максимално времетраење од шест месеци и да се имплементираат во периодот март – август 2017 година.
Овој месец инфо денови ќе има и во Тетово, Битола и во Штип.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово