Свет
5. December 2016 - 18:53

Гранди загрижен за мигрантите ако пропадне Договорот ЕУ-Турција

Високиот комесар на Обединети нации за бегалци, Филипо Гранди изрази загриженост дека мигрантите би можеле да страдаат ако биде загрозен Договорот меѓу Европска унија и Турција.

- Иднината на мигрантите е тесно поврзана со тој Договор, кој условува и други проблеми кои се многу покомплицирани, изјави Гранди.

Тој додаде дека се надева оти сепак мигрантите нема да бидат загрозени, дури и при пропаѓање на договорот.

Со Договорот, ЕУ и понуди на Турција безвизен режим, забрзување на преговорите за членство на земјата во Унијата и милијарди евра помош за сириските бегалци, под услов Анкара да ги запре приливот на мигрантите од турска територија кон Европа.

По усвојувањето на Резолуцијата од страна на Европскиот парламент со која се бара прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ, Анкара се закани со откажување од Договорот и со отворање на границите кон Европа за мигрантите од нејзина територија.