Свет
13. September 2016 - 21:37

Гранди: Европа да се подготви за интеграција на мигрантите

Европа треба да ги зајакне напорите за интеграција на мигрантите од Сирија, Ирак и Авганистан, изјави денеска високиот комесар на ОН задолжен за мигранти, Филипо Гранди.

Според него во прашање е еден од најголемите предизвици.

Тој додаде дека е време да се вклучи ЕУ во расправата за прашањата за интеграција на мигрантите.

– Време е да се вклучиме во рационална дискусија, вон политиката, без никакви манипулации и без оние кои ова прашње го користат за добивање гласови, изјави Гранди.

Тој вели дека за интеграција на бегалците потребно е „повеќе размислување и повеќе средства“ и оти доколку интеграциите не се спроведат како што треба ќе се соочиме со ксенофобија, насилно одбивање и пропаганда против странци“.