Македонија
14. October 2015 - 12:42

Граната од Прва светска војна пронајдена во битолско Крклино

Стара неексплодирана артилериска граната со калибар 75 милиметри со потекло од Првата светска војна е пронајдена вчера при изведување градежни работи на месноста „Хиподром“ во битолското село Крклино.

МВР информира дека гранатата била подигната од тим на Дирекцијата за заштита и спасување и предадена за понатамошна постапка.