Граѓански организации бараат да се повлече службената регистрација на физички лица како ДДВ обврзници
Тринаесет граѓански организации бараат од Владата да ја повлече законската обврска со која Управата за јавни приходи треба да врши службена регистрација на физичките лица како обврзници на ДДВ.
Во денешното соопштение, граѓанските организации наведуваат дека службената регистрација на физичките лица како обврзници на ДДВ е во спротивност со принципите на конструктивност и владеење на правото.
Оттаму меѓу другото бараат да се организира дебата за потребата физичките лица да влезат во системот на ДДВ, јасно да се разделат авторските договори кои се надвор од опфатот на ДДВ од оние авторски договори кои се консултативни и може да бидат предмет на ДДВ цели, да се надгради регистарот на физички лица обврзници на ДДВ со јасно назначување на нивната самостојна стопанска дејност, УЈП да го надгради својот административен капацитет за ефикасно спроведување на законската измена и.т.н.
Меѓу потписниците на реакцијата се Центарот за економски анализи, Finance Think, Центарот за даночна политика, Евротинк, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фондацијата Отворено општество Македонија, Институтот за демократија Соцеатас цивилис, Транспаренси интернешнел Македонија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација