Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ бара трајно решавање и заштита на парк-шумата

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, денеска пред Град Скопје одржа прес конференција каде на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов му поднесе барање за трајно решавање и заштита на парк-шумата, со адекватни активности во неа, се наведува во соопштението од Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.
-Незадоволни од бројните нерегуларности што го следат функционирањето на нашата парк-шума Водно, нејзиниот нерешен статус и децениски насобраните проблеми, од вас како градски татко на надлежната институција и како човек кој знае кое е значењето на Водно за скопјани, бараме трајно решавање и заштита на парк-шумата, со адекватни активности во неа. Очекуваме да ги прифатите барањата и предизвикот на нивно спроведување и во најкраток рок да го донесете како приоритет број 1 законот за Водно во форма на Lex specialis “за да го дефинираме еднаш за секогаш не чекајќи дали и кога ќе се класификува, ревалоризира”, се наведува во барањето на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.
Тие велат дека барањата се конкретни, бараат вложувања на време, пари и човечки ресурси, но бенефитите од нив сметаат дека се конечни и далекусежни.
-Во однос на вашето прифаќање гасоводната траса да минува низ Водно, уште еднаш гласно ви кажуваме дека продолжуваме да се бориме со сите расположиви средства да го спречиме тоа зошто ниту еден момент не дадовте издржан одговор зошто го сменивте ставот, а напротив, максимално издржано претходно објаснивте зошто сте против тоа. Се надеваме дека во наредната година ќе успеете да увидите дека бенефитот на нашиот град треба да биде ваша основна водилка, а никако прифаќање на компромиси од било каков тип, вклучувајќи ги и економските бенефити, велат од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.
Ново на Сител
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
