Бизнис
19. March 2020 - 17:57

Граѓаните смирени на првиот ден по прогласената вонредна состојба

Граѓаните се навикнуваат на состојбата. Првиот ден од вонредна состојба минува мирно. 

Сликата низ градот дава впечаток дека граѓаните се движат само по потреба.

Нема долги редици ниту пред маркетите, каде вообичаено се пуштаат само по тројца-четворица купувачи да пазарат.

Вонредната состојба не значи ограничување на движењето на граѓаните, но слабата фрекфенција на возила и пешачи низ градот покажува дека граѓаните ги почитуваат препораките и ги применуваат мерките за заштита, чија крајна цел е зачувување на сопственото здравје, но и спречување на ширењето на вирусот.