Бизнис
25. July 2020 - 16:42

Граѓаните се жалат - пресметани им се помалку пари за поврат на ДДВ?

„За претходното тромесечие ми повлекле околу 500 денари“.

„Имав исполнето 1800 денари, денес ми фалат 436 денари, како е можно“.

Социјалните мрежи се преполни со вакви реакции на граѓаните по промената на начинот на пресметка за поврат на ДДВ. Дел од нив реагираат за кратењето за тековниот квартал, но најсилните реакции се однесуваат на помалата сума што ќе им следува за претходниот односно од април до јуни.

„Законите, уредните не може да важат ретроактивно, туку од денот на стапување на сила. Ова плаче за тужба“

„Сигурна сум дека ретроактивно не е во ред тоа да го направат“, велат дел од нив.

Но, има и такви што намалените суми за поврат ги поврзуваат со изборите како и со барањето на Владата граѓаните да ги донираат парите за борба со корона кризата.  

„Мора на некој начин да ни ги змеат парите да си ги покријат трошоците за изборите. Во каква ли држава живееме“.

„Зошто немаше пред избори. Поминаа сега следува кратење“.

„Не им донирале, решиле сами да си ги земат“.

„Полека, полека и толку ќе немаме“

Од УЈП велат дека не станува збор за кратење туку за примена на уредбата на Владата која важи од 12 јуни. Според таа уредба се двојат макеоднските од дргуите производи. За македонските повратот на ДДВ изнесува 20 наместо досегашните 15% од платениот данок, а за останатите производи повратот се намалува на 10%.

„Оваа пресметка се врши од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила и не подоцна од 31.12.2020. Со оваа уредба се поттикува потрошувачката на македонски добра и услуги. УЈП согласно Уредбата ја прилагоди апликацијата МојДДВ“, соопшти Управата.